Интернетот баук за пола Македонија

Bez autora
Dec 20 2011

За многумина денес животот би бил мошне тежок без интернет. Но, во време кога речиси секоја фирма или домаќинство во Европската унија не може да го замисли животот без светската мрежа, статистичарите од Евростат со запрепастување утврдиле дека 24 проценти од жителите на ЕУ никогаш не користеле интернет, или во бројки тоа изнесува над 100 милиони Европејци. Во ова истражување на Евростат за користење на информатичките и комуникациските технологии во домаќинствата и кај поединци се вклучени податоците од 27 земји-членки на ЕУ, како и за Хрватска, Исланд, Норвешка, Турција и Македонија. Што се однесува до нашата земја, Евростат утврдил дека во Македонија оваа година интернет пристап има во 46 проценти од домаќинствата, наспроти само 14-те проценти во 2006 година. Придобивките од широкопојасните конекции оваа година ги користат 37 проценти од домаќинствата, во 2006 тој процент бил само 1 насто.

Интернетот баук за пола МакедонијаЗа многумина денес животот би бил мошне тежок без интернет. Но, во време кога речиси секоја фирма или домаќинство во Европската унија не може да го замисли животот без светската мрежа (www - world wide web), статистичарите од Евростат со запрепастување утврдиле дека 24 проценти од жителите на ЕУ никогаш не користеле интернет, или во бројки тоа изнесува над 100 милиони Европејци.

Во ова истражување на Евростат за користење на информатичките и комуникациските технологии во домаќинствата и кај поединци се вклучени податоците од 27 земји-членки на ЕУ, како и за Хрватска, Исланд, Норвешка, Турција и Македонија.

Што се однесува до нашата земја, Евростат утврдил дека во Македонија оваа година интернет пристап има во 46 проценти од домаќинствата, наспроти само 14-те проценти во 2006 година. Придобивките од широкопојасните конекции оваа година ги користат 37 проценти од домаќинствата, во 2006 тој процент бил само 1 насто.

Евростат во својот извештај не објави податоци колку од македонските граѓани на возраст меѓу 16 и 74 години никогаш не користеле интернет оваа година, но затоа пак, знаат дека во 2006 тој процент изнесувал 69 отсто. Затоа, пак, според податоците на Државниот завод за статистика на Р. Македонија, 51,9 проценти од населението на возраст од 15 до 74 години се редовни корисници на интернет, како и 84,1 процент од деловните субјекти во земјава со 10 или повеќе вработени имаат пристап на интернет.

Инаку, според висината на процентот на пристап и користење на интернет, Македонија се наоѓа во групата на европски земји, од југот на Европа, кои не користат веб. Најмногу некорисници на интернет има во Романија - таму 54 проценти од населението признало дека никогаш не сурфало на глобалната мрежа. По Романија следат Бугарија (46%), Грција (45%), Кипар (41%) и Португалија (41%) каде нешто помалку од половината на населението се уште нема интернет пристап од дома.

Коментирајќи ги овие податоци, поранешниот директор на Одделот за нови производи во Скајп, Линар Виик, вели дека тоа значи што корисниците на интернет стануваат "нов центар на општеството", но и дека големиот процент на некорисници е добра лекција за сите надлежни.

- Каква нова услуга да измислите, морате да имате на ум дека четвртина од граѓаните никогаш не користела, но веројатно никогаш и нема да користи интернет - вели Виик.

Амелија Андерсдотер, пратеничка од Шведска во Европскиот парламент, поучен од сопствените сознанија, укажува дека некористењето на интернетот на југот од Европа е втемелено на банален факт - на многу високата неписменост во тие земји.

- Голем број Британци најмногу купуваат преку интернет, иако немаат завршено втор степен образование. Додека неписменоста е проблем, пристапот на интернет сигурно не е приоритет на тие луѓе - вели Андерсдотер.

Нејзиното тврдење Евростат го поткрепи со податокот дека 82 проценти од испитаните Британци изјавиле дека во текот на годината барем еднаш нешто купиле преку интернет, додека европскиот просек е околу 58 отсто. На дното на листата повторно се Бугарија и Романија каде е-трговија користеле само 13 проценти од граѓаните. На слично ниво се и македонските граѓани.

Македонскиот интернет-пазар е конкурентен

Македонскиот интернет пазар е конкурентен и многу развиен. Според последниот Извештај за развојот на пазарот на електронски комуникации во вториот квартал од годинава на Агенцијата за електронски комуникации, во Македонија 90 субјекти обезбедуваат услуга за пристап до над 300 илјади претплатнички линии за интернет пристап.

Од стабилноста на интернетот зависи и економскиот пораст на земјата. Се се врзува со интернетот: школството, здравството, банкарството, фирмите - културните центри. Без интернет секојдневието веќе стана незамисливо. Дури и македонските пратеници и советници не можат без интернет. Се зголеми понудата на македонски содржини на интернет - недоволно, но се зголеми.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik